Лидерите на милитантната група Ал Шабаб кои „владеат“ во делови на Сомалија пред 3 недели им наредија на операторите да престанат со Интернет услугите. Иако официјалните власти на Сомалија побараа од операторите да нема прекин на услугата, сепак бројни жители од централниот и јужниот дел на земјата се пожалија дека немаат интернет пристап. Прекинот е најверојатно од страв бидејќи милитантите на Ал Шабаб влегле во зградите на операторите и наредиле гасење на Интернет, јавува CIO.
Се чини дека наредбата е предизвикана од параноичните лидери на Ал Шабаб кои се плашат дека шпионите користат Интернет и паметни телефони за организирање на операциите. Покрај ова исламските фундаменталисти тврдат дека Интернетот е место на разврат и како таков е непожелен. Милитантите ги предупредија индувидуалците и компаниите кои нема да ја почитуваат забраната дека ќе бидат осудени во согласност со Шериатот.
Само еден отсто од Сомалиците користат фиксна интернет линија, но мобилниот 3G интернет е се популарен во урбаните центри, јавува Global Voices.







