Милчо Манчевски: Facebook е современ „комши-капиџик“

Истакнатиот македонски режисер и сценарист Милчо Манчевски, неодамна преку својот Facebook и Twitter профил објави линк до краткиот филм “Thursday”, кој веднаш наиде на позитивни реакции, а многумина го искоментираа како добра критика за сите интернет “јунаци” кои Off.net.mk ги нарече “Фејсбук првоборци” и “ретвит херои”.

По повод филмскиот фестивал во Венеција, 70 светски режисери добија покана да создадат кратки филмови на тема иднината на кинематографијата, меѓу нив беше и Манчевски. Тој, заедно со своите колеги Џералд Херман (извршен продуцент), Арон Левин (продуцент), Јун-ах Ли (директор на фотографија), Петер Мостер (едитор), Игор Василев Новоградска (музика) и актерите Лора Ласи и Уан Ејвери го режираше кусометражниот филм насловен “Thursday” (“Четврток”).

Филмот трае само 90-тина секунди, а во него е прикажана актерката Лора Ласи како на својот мобилен уред во урбаниот Њујорк гледа запрепастувачко онлајн видео од сообраќајна незгода каде што повредениот е игнориран од минувачите, додека и таа сама игнорира напуштено бебе во кутија до неа, оставено на улица.

Иако филмот многумина го сфатија како директна критика на денешните онлајн активности и степенот на користење на технологија, самиот Манчевски вели дека тематиката на приказната е стара.

“Темата е стара – оттуѓување среде гужва, поврзување кое не вродува со разбирање. Идејата, пак, произлезе од активно размислување како да се вклопам во зададениот формат. Форматот ни го зададе фестивалот во Венеција кога побараа од повќе режисери кои ја одбележале историјата на фестивалот да снимат оригинален филм на тема иднината на кинематограијата. Филмот требаше да трае меѓу 60 и 90 секунди. Уметноста отсекогаш работела во надворешни и во внатрешни рамки: ограничувања има и сонетот, и трагедијата и портретот и пејсажот…. Работата е како делото да биде вредно, да те допре в срце и да ти соопшти нешто релевантно во тие рамки. Јас решив да работам во еден енергичен, документарно-игран формат во кој ќе инкорпорираме и found footage, техника која ја користеле и Марсел Дишан и Роберт Раушенберг и Пикасо… Снимавме и монтиравме во Њујорк, во една супер-хармонична атмосфера.”, вели Манчевски запрашан за тоа што го мотивираше да го напише сценариото на “Thursday”.

Во однос на тоа што мисли тој за технологијата, и дали на неа гледа како нешто што не оддалечува од она што е околу нас и не прави асоцијални, тој додава:

“Не мислам дека е така. Мислам дека работата е во тоа како се користи технологијата. Таа ни дава можност да бидеме поповрзани, ама и можност да бидеме посаможиви. Самата технологија нема став.”

Манчевски, кој има официјални Facebook и Twitter профили, но и личен Facebook профил, за истите вели дека најчесто се користат само за официјални промоции и известувања, а самиот тој нема голема потреба од нивно користење:

“Мојата канцеларија ги храни и мојот Твитер и мојот Фејсбук профил со информации врзани за мојата работа — проекции на филмовите по светот, ретроспективи, текстови и есеи за моите филмови, отварање на изложби на мои фотографии, и нови дела — нови фотографии, линк со Четврток или со други филмови…. Ова е професионална обврска на која јас лично поминувам малку време.  Имам и личен, не-јавен Фејбсук профил, ама немам голема потреба од него. Во суштина, Фејсбук е современ комши-капиџик.”

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments