Апликација на денот: 6tag е Instagram клиент за Windows Phone 8

во Мобилни

И додека корисниците на Windows Phone сè уште ја чекаат официјалната Instagram апликација, во меѓувреме се појавија неколку клиенти за Instagram. Еден од овие клиенти ги содржи сите опции како и официјалната Instagram апликација, а е наречен 6tag.

За разлика од Instance за која пишувавме порано во „Апликација на денот“, 6tag нуди и можност за снимање на видео. Покрај тоа, апликацијата нуди 20 оригинални филтри за фотографиите, споделување на вашите фотографии на Facebook, Twitter, Flickr, Tumblr, Foursquare и VK, гео-тагирање на вашите фотографии и следење на активноста на вашите пријатели.

Дополнително, 6tag има и “live tail” со известувања и следење на одредени хаштази. Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете од овде. За корисниците што не сакаат да имаат реклами се доплаќа 1.29 US долари, односно 1,.9 US долари доколку сакате да имате и опција за прикачување на видеа од вашиот мобилен.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk