Мicrosoft ROM кој ќе го брише Android од телефоните?

Microsoft работи на ROM кој ќе овозможи замена на Android оперативниот систем со Windows 10. Станува збор за соработка со најголемиот кинески производите Xiaomi, кој започнува да тестира Windows 10 на Mi 4 телефони, се вели на блогот на компанијата.

Тоа што е интересно е дека ROM-от кој го изработи Microsoft не овозможува дуал-бутирање на уредот, туку го брише Android и инсталира Windows 10. За сега ROM-от е достапен само за Mi 4 уредите, кој доаѓаат со прилагодена верзија на Android.

Сепак добивањето на дозвола од Google за вакво нешто е далеку од реалноста. Затоа компанијата работи во партнерство со производителите, што би требало да овозможи инсталирање на Windows 10 на уреди со ист хардвер како Android уредите без никаква промена. Најголема придобивка од ова, се разбира доколку успее да се рeализира ќе имаат корисниците, кои ќе можат да ги споредат оперативните системи и да се одлучат за уред кој им се допаѓа без разлика на оперативниот систем.

Доколку и да не успее партнерството со поголем број производители, Microsoft работи и на „план б“. Односно освојување на продавниците за апликации на Google и на Apple, нудејќи апликации како Word, Excel, OneNote. Последната најава е дека и Cortana ќе биде достапна на сите оперативни системи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk