Microsoft инвестира 1,5 милијарди долари во G42

Софтвер  гигантот Microsoft објави дека инвестира 1,5 милијарди долари во холдинг компанијата G42. G42 е компанија од Абу Даби основана во 2018 година фокусирана на развој на вештачка интелигенција. Заменик претседателот на Microsoft, Бред Смит ќе ја претставува компанијата во бордот на G42. Microsoft ќе добие и малцински удел во холдингот.

Помеѓу двете компании е договорено воспоставување на фонд од една милијарда долари наменет за развивачите.

Интересно за договорот е што во преговорите беа вклучени и државни претставници на САД и Обединетите Арапски Емирати. Дел од жртвите на овој договор беа кинеските компании кои повеќе не се партнери во G42. Холдинг компанијата се согласи да се повлече од договорите кои ги имаа со кинеските партнери како Huawei.

Постигнувањето на конечниот договор беше комплицирано поради стравувањето на американската администрација дека Кина ќе има пристап до податоците на американските корисници. Токму договорите кои ги имаше G42 со кинески компании и технологија која потекнува од Кина беше главната причина да се вклучи администрацијата на претседателот Џо Бајден.

„Инвестицијата на Мајкрософт во G42 е клучен момент во патот на нашата компанија кон раст и иновации. Означува стратешко усогласување на визијата и извршувањето меѓу двете организации. Ова партнерство е доказ за заедничките вредности и аспирациите за напредок, овозможува поголема соработка и синергија на глобално ниво.“, вели шеикот Тахнун бин Зајед Ал Нахјан, претседател на G42.

А G42 произлезе како дел од стратегијата на ОАЕ за одржлив развој откако емиратите ќе ги потрошат своите ресурси. Големите технолошки стартапи од запад, на регионот гледаат како добар извор на финансии за своите идеи. Со инвестивии како оваа на Microsoft, G42 е многу повеќе и технолошки партнер.

„Сакам да се фокусираме на ова партнерство со Microsoft за развој на нашите можности на глобално ниво. А помалку да се фокусираме на она што сме одбрале да не го направиме.“, вели Пинг Ксијао на прашањето дали жртва на договорот со Microsoft се кинеските компании.

Договорот со Microsoft носи повеќе придобивки за холдингот. Во иднина G42 ќе го користи Azure за развој и дистрибуција на сервисите кои ќе ги креираат за компаниите.

Во февруари Сем Алтман од OpenAI ја сподели својата идеја која предвидува ОАЕ да бидат светски пример за своевидна регулаторна рамка која ќе овозможи тестирање на вештачката интелигенција и законските решенија за технологијата.

Инвестицијата на Microsoft во G42 е само продолжување на заедничката соработка. Во 2023 година двете компании го објавија планот за заеднички развој на решенија со вештачка интелигенција за јавниот сектор и за индустријата. Од ноември 2023, големиот јазичен модел на арапски јазик- Jais  е достапен преку Azure AI Cloud Model-as-a-Service сервисот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk