Збогум продуктивност! Super Mario доаѓа на мобилните телефони

Nintendo и DeNA најавија заедничка компанија која ќе биде фокусирана на мобилните видеоигри. Двете компанија накавија дека ќе креираат игри за мобилни уреди и паметни телефони користејќи ја интелектуалната сопственост на Nintendo, јави Venture Beat.

Компанијата е далеку од славата која некогаш ја имаа, кога беа една од најпосакуваните конзоли за забава, па без сомневање се надеваат дека новата платформа ќе виде чекор во вистинска насока. Ова е нов чекор за Nintendo кој деосега ги чуваше своите игри за својата платформа. Како дел од спогодбата Nintendo стана сопственик на 10 отсто од акциите на DeNA, a DeNA во зделката доми 1.24 отсто од акциите на Nintendo.

„Мобилните игри се јадрото на нашиот бизнис и дефинитивно сакаме да бидеме на првото место во светот како креатори на мобилни игри – сакаме да бидеме доминантни. На почеток се фокусиравме на телефоните, а потоа се префрливме на паметни телефони и сега имаме голем удел во домашниот и меѓународниот пазар. Но се уште сакаме да бидеме лидери“, вели Шинтаро Асако од DeNA.

Покрај ова Nintendo ја најави и својата платформа со кодно име NX, но за сега без премногу податоци за хардверот. Соработката ќе им овозможи на DeNA да издаваат игри како Super Mario или Zelda за телефони и таблет компјутери, но не портови на игрите кои веќе постојат, туку нови продолженија на франшизите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments