Microsoft ќе си седи мирен

во Блог

Според денешните гласини, изгледа како да Microsoft веќе ја постави својата опсада и сега мудро ќе си го чека своето, а што навистина ќе добие ќе видиме… Повторно пост околку можното купување на Yahoo! од страна на Microsoft, овој пат за да Ве известам дека гигантот од Редмонд наводно решил да си седи мирен и верува дека нема потреба од зголемување на понудата. Во текст објавен денеска во Wall Street Journal беше изјавено дека од извори во Microsoft е соопштено дека  гласините за зголемување на понудата постојат само за да се привлече Yahoo! на преговарачката маса (досега компаниите се имаат сретнато само еднаш).


Ниту Microsoft ниту Yahoo! не го коментираа овој напис.

WSJ наведува дека постојат неколку причини во кои Microsoft силно верува дека се на нивна страна, вклучувајќи го мислењето дека акционерите на Yahoo! не се импресионирани од неодамна претставениот три годишен план за подобрување кој треба да ги зголеми профитите. Другите извори ги вклучуваат и слабеењето на американската економија како и кризата на американската берза како значајни фактори на кои Microsot се "обложува".

{mosimage}

Во меѓувреме продолжуваат гласините дека Yahoo! е заинтересиран за цена од 40 US долари по акција и дека сеуште течат преговорите помеѓу компанијата и News Corp. (корпорација која го поседува и издавачот на Wall Street Journal – Dow Jones & Co.). Вредноста на акциите на Yahoo!, проценета според денешните извештаи на $28.93 ниту драстично се зголеми ниту пак се намали околу сите овие случувања.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk