{mosimage}Jooce – www.jоосе.com е нова платформа која ви нуди свој компјутер на интернет. Идеално решение за денешните сајбер номади, посебно оние кои немаат свој компјутер или оние кои користат повеќе компјутери од различни места. Јоосе отвара едно ново поглавие во користењето на интернетот и е водечка фирма во пренесувањето на оперативниот систем на интернет.
Интересно е што целиот графички изглед и функции се како да сте пред својот сопствен компјутер, а не на некој интернет сајт.
Но, “јоосе“ е исто така една моќна платформа за трансферирање на фајлови и затоа е интересен и за многу други т.е. за сите оние кои сакаат да го искористат неговиот уникатен начин на инстантно пренесување на најразлични фајлови без разлика на нивната големина (музика, слики, видеа и филмови).
Јоосе нуди две можности за своите корисници, приватен и јавен десктоп. Приватниот десктоп е личен и достапен само за корисникот, додека јавниот е достапен за неговите пријатели или соработници кои можат да го посетат и да се послужат едноставно со сите фајлови кои се оставени на него. Учителите се посебно задоволни со оваа функција.
Со Jоосе можете исто така да ги обедините сите месенџери на едно место. Комуницирајте со сите пријатели преку еден прозорец без разлика дали се на MSN, ICQ, Yahoo или AIM. Додека разговарате, можете да пренесете било кој фајл или цела папка до другата личност со едноставно влечење и оставање врз прозорецот.
{mosimage}Фирмата потенцира дека системот сеуште се гради и доусовршува, но најавува многу новини во најскоро време кои треба да ви го олеснат дигиталниот живот. Тие вклучуваат електронска пошта, телефонски и видео разговори, развиен јавен десктоп по теркот на Facebook и Myspace, поголем избор при внесување на содржини од интернет како музика, слики, видеа, итн.
Jooce e исто така подржан од Мегународната Телекомуникциска Унија во Женева, како еден сериозен начин на премостување на дигиталниот јаз помеѓу развиените и земјите во развој.
Целиот систем е достапен и на македонски.
Чисто како информација, Александар Стојаноски е еден од основачите на Jooce.com.






