{mosimage}Пред само неколку дена, Engadget – популарен сајт кој објавува вести и рецензии за електронски производи и има добиено голем број на награди, во својата пошта доби малку необично писмено предупредување од страна на Deutsche Telekom, сопствениците на T-mobile брендот.
Во предупредувањето правниот оддел на компанијата DT истакнува дека бара од Engadget да престане да ја користи розевата боја (поточно нијансата магента) во дел од сајтот наречен Engadget Mobile бидејќи тоа е официјалната боја на T-mobile.
Интересно е тоа што при првичното објавување на Engadget Mobile каде што е користена оваа боја е водена дискусија на Engadget од страна на уредниците и посетителите за тоа дали всушност DT ја поседува бојата магента и е дојдено до заклучок дека сепак Engadget може слободно да ја користи.
Engadget со цел да објасни дека ова предупредување нема смисла, ја објави следнава табела:
Потенцирајќи дека не се работи за предвремена прво априлска шега, уредниците на сајтот го истакнаа и официјалното писмо кое им беше доставено.
Писменото предупредување е достапно тука.
Уште еден интересен факт е тоа што Engadget на 1 Април својата позадина ја замени со розева и зборот "mobile" го замени во "t-mobile" во знак на мал протест, а на сајтот во оваа акција му се приклучија уште два други сајта за електронски вести и рецензии кои делови од својот сајт ги направија во розеви нијанси. Дали DT на сето ова ќе има коментар?






