Медиумите треба да платат ако преземат слика објавена на Twitter, вели американски судија

France-Presse и Washington Post најверојатно ќе треба да му исплатат отштета на фотографот Даниел Морен бидејќи му ги презеле сликите од Twitter. Спорот е околку фотографии од земјотресот на Хаити во 2010, кои фотографот сликите ги објавил на Twitter која, доколку не си ги заштитите твитовите, е јавна друштвена мрежа, со опција дури и за вметнување на твитови на друг сајт.

Сепак судијата Алисон Нејтан од Њу Јорк одлучи дека со споделувањето на фотографии на Twitter, не значи дека објавувачот се откажува од авторските права и пресудил дека France-Presse и Washington Post ги прекршиле авторските права. Својата одлука судијата ја заснова на правилата за користење на Twitter со кој медиумите можеле единствено да направат ретвит на фотографијата, но никако не смееле да ја искористат во комерцијални цели.

Со кратка изјава излезе и микро блогинг платформата, која вели дека „Како секој пат нашата политика е иста – корисниците на Twitter се сопственици на своите фотографии.“

Казната засега не е изречена, но според г. Морен таа може да достигне од „десетици до стотици милиони долари“. Сумата ќе треба да ја исплатат сите медиуми кои ги преземале фотографиите. Спорот е интересен и од причина што е прв со кој се уредува оваа проблематика и неговото решение ќе претставува преседан за иднина. Темата е актуелна во последно време пред се поради промената на правилата за користење на Instagram, потсетува Reuters.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments