0 коментари 1 мин. читање

Избистрете ги вашите матни фотографии со Remini

Често се случува да направите некоја интересна фотографија која е и, за жал, матна. Во тој случај, Remini – AI Photo Enhancer e импресивна апликација која ќе проба ефикасно да ја избистри матната слика користејќи напредни AI алгоритми.

Меѓутоа, нешто што е повеќе од очигледно е тоа што алгоритмите првенствено прават одлична работа со избистрување лица. Кога се работи за избистрување предмети, нема да наидете на подеднакво импресивни резултати. Втора работа која мораме да ја потенцираме е дека апликацијата е бесплатна, но за секоја извршена работа, потребно е да одгледате реклама во времетрање од 30 секунди.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top