Две сестрички и нивната желба за куче собраа скоро 2,7 милион лајкови за само 15 часа

Корисниците на  Facebook биквално полудеа по двете сестрички кои имаат договор со татко им дека ќе добијат кученце доколку нивната фотографија добие 1.000.000 „лајкови“. Епа, по само 15 часа, постот на страната Тwogirlsandapuppy (две девојчиња и кученце) има 910.000 лајкови, додека истата профил слика има околу 1,8 милиони лајкови. Кученцето е најверојатно на пат. Можеби треба да добијат две кученца. :)

„Здраво, Ние сме две сестри кои очајно сакаат кутре. Имаме и три братчиња, исто така. Да, имаме пет деца во нашето семејство. Го загубивме нашето куче пред неколку месеци од рак. Ние навистина ново кутре но нашите родители не се решаваат.

Пред некој ден видовме еден брат и сестра, кои на Facebook поставите слика велејќи дека нивниot татkо ќе им дозволи да чуваат куче ако добијат многу „лајкови“. И успеавме да го убедима и нашиот татко да се согласи на истото. Тој рече дека ако добиеме 1.000.000 „лајкови“ ќе добиеме ново кутре. Тој не мисли дека ние може да го направиме ова.

На нашиот оригинален пост имавме линк за донации, но тоа беше делумно поради тоа што мама и тато не мислеа дека никој освен блиски пријатели и семејството, ќе ја види оваа страница! Кога видовме колку луѓе доаѓаат на оваа страница го отстранивме линкот. Ние не бараме пари од вас, само вашиот лајк.“, велат девојчињата во својата порака.

Со оглед на тоа дека сликата има речиси 910.000 лајкови, речиси е извесно дека кученцето е на пат. Поуката е: внимавајте што барате од друштвената мрежа бидејќи можеби ќе ви го исполни и тоа за само еден ден. Девојчињата утринава им заблагодарија на сите Facebook корисници кои им помогнаа да добијат кученце. Или можеби две.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk