МедиаПедиа открива чии интереси штитат македонските информативни портали

Нов независен проект МедиаПедиа, креиран од новинарите Сашка Цветковска, Мери Јордановска и Владо Апостолов, и програмерката Тамара Атанасоска има за цел да ја открие матната сопственичка структура зад македонските портали. Иако има голем број портали во земјава, сепак малку се знае кој стои зад нив. Не треба да се биде гениј за да се види пропагандата пласирана од про-владините и про-опозициските портали кои се претставуваат како независни медиуми, но, сепак е потребно – а наскоро и законска обрвска – да бидат откриени тајните сопственици и вистинските автори. До сега истражувањата на МедиаПедиа го откриваат тоа од што се плашевме – Интернетот е ново бојно поле за политичко препукување, опседнато со информативни портали без импресум и транспарена сопственост, која води „или до кабинетите на државните функционери и фирмите на бизнис-моќниците, или дури и до државите познати како даночни раеви, како Белизе и Кипар“. 

„Транспарентната медиумска сопственичка структура може лесно да ги даде одговорите на прашањата за чии интереси работат медиумите – оние на центрите на моќ или оние на граѓаните?“

Податоците се соберени преку Законот за слободен пристап на информации и пребарување на локални и странски дата бази. Но, копањето по податоци не е толку лесно, иако тие се на дофат онлајн. Според Сашка Цветковска, еден од новинарите кои ја основаа МедиаПедиа, „нема да верувате колку достапни бази на податоци имаат македонските институции“, но кои не се тешки за пребарување, а често и скапи за да се користат за „скапото истражувачко новинарство кое бара материјални и човечки ресурси, покрај времето“.

„Немаше тајни извори кои ни дофрлуваат документи, што значи ризикот од манипулирање беше сведен на 0%. Онлајн истражувањето и работата со достапни дата бази на податоци е еден систем од алатки кои во новото време се многу значајни за истражувачкото новинарство. Од друга страна, соработката помеѓу новинарите и програмерите веќе станува неизбежна, ако не и клучна во истражувањата“, вели Сашка.

Во еден од текстовите на MедиаПедиа се вели дека 44 отсто од македонските граѓани ги користат Интернетот за да се информираат за најновите вести. Ова значи дека покрај телевизијата, македонските портали сносат голем дел од одговорноста за споделување на вести и важни информации. Но, таа одговорност е само површна, бидејќи штом ќе ја видите нивната структура ви станува јасно дека тие работат против интересот на објективноста и информирањето.

„Влијанието на интернетот е занемарено на сметка на широко распространетото верување дека телевизијата е најмоќниот медиум. Јас ќе се согласам дека е така, но нема да се согласам дека интернетот не е влијателен медиум, напротив сметам дека е далеку повлијателен од печатот во моментов“.

МедиаПедиа е поддржана од Европската Унија во рамки на проектот Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа, но ставовите и сториите се независни и се креирани од авторите, со намопена дека во никој случај не ги одразуваат погледите на Европската унија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ивица Усул Милошески

зошто има информации најмногу за про-опозициските медиуми.