Google постигна договор со европските регулатори, а со тоа ја избегна највисоката казна која беше предложена досега. Сепак Google не помина лесно овој договор и ова се најтешките услови кои му се наметнати на гигантот досега. Google успеа да го заштити својот алгоритам за пребарување од погледите на регулаторот и да ја избегне потенцијалната казна од 5 милијарди долари која се закануваше доколку случајот стигнеше на суд. Компанијата се согласи да ги помести „нагоре“ непромовираните резултати во пребарувањето, барем во Европа.
„Ќе направиме значителни промени во начинот на кој Google работи во Европа. Работиме заедно со Европската комисија да ги надминеме проблемите и се надеваме на брзо решение“, вели Кент Вокер од Google.
Пребарувањето отсега ќе прикажува најмалку три конкурентски производи секој пат кога корисниците ќе пребарувват специјализирано, на пример шопинг, ресторани или хотели. Доколку корисникот одбере некој од овие резултати во одредени случаи конкурентите ќе треба да му платат на Google. Освен ова промовираните резултати ќе бидат графички поделени од останатите резултати. Отсега Google ќе почитува доколку некоја од компаниите им забрани да ги користат нивните податоци за промоција во специјализираните пребарувања. Компанијата ќе ги олесни и правилата за рекламирање преку нив и отсега клиентите на Google нема да потпишуваат договор за ексклузивност, па ќе можат да се рекламираат и на конкурентските пребарувачи. Изгледот и споредбата со сегашните и идните пребарувања на Google може да ги погледнете во извештајот на Европската Комисија.
Сегашен изглед:
Изглед по имплементацијата на договорот:









