0 коментари 1 мин. читање

Њујоршката полиција ќе се бори против криминалот со Google Glass

Њујоршката полиција купи неколку Google Glass очила за да ги тестира дали ќе бидат корисни за борба против криминалoт. NYPD потврди дека ги тестира очилата со проширена реалност за да провери дали ќе дадат вредност на истрагите, и дали може да се користат за дневните патроли. Теоретски очилата ќе помогнат полесно да се препознае осомниченото лице, влечејќи информации од поврзана база на податоци директно до индивидуалните полицајци; а ќе може и да се има снимки во реално време од сите инциденти и ситуации.

Но, како што пишува VentureBeat, информацијата дека полицијата ќе ги користи Glass очилата доаѓа во лошо време за Google бидејќи компанијата е вмешана во скандалот со NSA и шпионирање на корисниците. Google веднаш демантираше дека не соработува со властите, и дека њујоршката полиција ги добила очилата преку вообичаената програма.

Во моментов, Google Glass, кои работат на Android, се достапни преку Exporer програмата, и може да се добијат по цена од 1.500 долари и само ако Google мисли дека ќе им најдете креативна намена на очилата.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top