Четиринаесет годишниот Марко Чаласан е шестти на листата од 10 најпаметните тинејџери од целиот свет. Листата е креирана од организацијата Best Schools, а Марко и Аинан Селест се единствени тинејџери во првите десет кои не потекнуваат од САД. Поправка: Како што спомена Игорче во коментарите, листата е според азбучен ред.
„Марко Чаласан е компјутерско чудо од дете, најмлад MSCA (на возраст од осум години) и MSCE (на возраст од 9). Во моментов има 12 сертификати од Microsoft и еден Cisco сертификат, првиот сертификат го доби на шест години. Откако ги заврши испитите Microsoft го награди Марко со DVD и игри. Иако му се допадна гестот, тој рече дека не го интересираат вакви работи.“, стои во престставувањето на Best Schools.
Родителите на Марко велат дека научил да пишува и чита уште на 2 години, по што веднаш го привлекле компјутерите и започнaл да реплицира операции и кодови кои ги наоѓал сам на интернет. Покрај компјутерите ги сака и астрономијата и физиката, а кога се спроведуваше Big Bang експериментот во CERN неможел да заспие од возбуда.
Марко им предава основи на компјутери на деца од 8 до 11 години во неговото училиште. Зборува три јазици и учи уште еден. Во иднина би сакал да пишува учебници за информатика за сите корисници од почетници до експерти.
„Информатиката во училиштата не е толку сериозна. Кога би бил професор би ги предавал сите нормални предмети, но би ја имплементирал информатиката и во хемијата и физиката за да се учат подобро.“
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.