Nvidia G-Sync е плочка која ќе се интегрира во мониторите и ќе ги синхронизира мониторот и графичката карта со што ќе ги отстрани сецкањето, доцнењето или застанувањето на видео игрите. G-Sync плочката ќе биде сместена во мониторот и ќе ја синхронизира работата на графичката карта и мониторот.
„Во моментов ако на графичката карта и треба премногу време за презентирање на слика, мониторот ќе ви го прикаже стариот фрејм подолго од потребното, поради што ќе добиете впечаток на застанување. Доколу графичкот процесор е пребрз, можно е двата фрејма да се појават истовремено на мониторот креирајќи грешка.“, велат од Nvidia.
[youtube]4BtyYnxjcN8[/youtube]
Засега цената на G-Sync е непозната но Asus, Benq, Philips и Viewsonic ќе ја имплементираат технологијата во своите монитори уште на почеток на следната година.
[youtube]Vs1Jf9FLQwQ[/youtube]