0 коментари 2 мин. читање 22 октомври, 2013

Instagram за Windows Phone во текот на следните недели

Корисниците на Windows Phone ќе имаат официјална Instagram апликација. Оваа новост ја најави Кевин Систром, еден од основачите на Instagram, за време на настанот на Nokia кои го претставија својот Lumia компјутерски таблет и нов паметен телефон. Сепак, сè уште не е познат точниот датум, но се очекува да биде во текот на следните неколку недели.

„Нашата цел е да го дадеме Instagram на секој што сака да го користи. Сакаме да видиме како Windows Phone заедницата ќе го користи Instagram и ќе ги споделува своите прекрасни фотографии во текот на следните неколку недели”, изјави г. Систром на настанот во Абу Даби.

Во моментот нема информации за можностите што ќе ги нуди Instagram за Windows Phone, но во секој поглед, ова е добра вест за корисниците на Windows Phone кои досега мораа да користат 6tag или некои слични клиенти за Instagram. Дали со доаѓањето на официјалната Instagram апликација ќе згаснат клиентите кои се користеа, останува да почекаме некое време додека официјално не биде објавена апликацијата.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top