MarketKonekt сега им нуди на македонските компании да тргуваат и во Србија

во ИТ.МК

Онлајн продавницата MarketKonekt на R3 Infomedia, компанијата зад Златна Книга и GetLokal.mk, сега се шири и во Србија, две година откако беше стартуван сервисот во Македонија, и подоцна проширен во Бугарија. Влегување во новиот пазар ќе им овозможи на македонските компании да тргуваат онлајн и со српските компании, а наскоро ќе можат да соработуваат и во Албанија.

Oнлајн продавницата им нуди на бизнисите подобра позиција во претставување на нивните производи, преку поистакнати резултати во пребарувањето или преку банери. Освен да биде огласувач на производи, целта на MarketKonekt е да биде продавница која ќе го обедини локалните бизниси да тргуваат онлајн преку балканските граници. MarketKonekt во моментот има 2.602 регистрирани компании од Македонија кои објавиле над 45.000 производи, и 1.880 компании од Бугарија со над 10.000 производи. Во Србија веднаш по стартувањето има околу 200 регистрирани компании.

„Со ваквото проширување MarketKonekt станува единствен домашен веб сајт кој на македонските бизниси им овозожува локална и регионална трговија“, вели директорот на R3, Владимир Вецовски. „Една од нашите главни цели е да им помогнеме на македонските фирми да обезбедат повеќе домашни и купувачи од соседството. Се надеваме дека сајтот поблиску ќе ги поврзе бизнисите од балканските земји”.

[youtube]qOX6RfXfMNU[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk