0 коментари 1 мин. читање 19 март, 2014

LG го најави G, паметен часовник кој ќе работи на Android Wear

LG Electronics e вториот производител, по Motorola, кој го претставува својот паметен часовник кој ќе работи на новата платформа на Google за паметни часовници, Android Wear. Паметниот часовник на LG, едноставно именуван како G, ќе се појави во наредните месеци и ќе ги има сите функционалности кои се најавени со Android Wear.

Паметниот часовник на LG, кои имаат добра соработка со Google во производството на два Nexus телефони, ќе работи со гласовната „OK Google” командата, како и Moto 360. Тоа што е поразлично од Moto 360 е што моделот на LG е со коцкаст екран. Но, освен тие функционалности кои ги нуди Android Wear во моментот не се знае многу за хардверските спецификации на LG G.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top