Ефективното лидерство е еден од клучните, но често занемарен фактор во успешното спроведување на проектите за развој на софтверот. Во време кога методологиите, стратегиите и потребните нивоа на вештини достигнуваат ниво на стандардизација, лидерските квалитети можат да обезбедат заедничка визија и заеднички дух што ги издвојува успешните тимови со високи перформанси.
На организациите коишто сакаат да го подобрат лидерството во нивните тимови за развој на софтверот им се поставуваат следниве прашања: Дали лидерството е исто со управувањето? Во потрагата за успешна испорака на софтверот, до каде и како ја дефинираме одговорноста? Како комплексната мрежа на улоги во развојот на софтверот придонесува до добивање позитивни резултати?
За HTEC одговорите на овие прашања се од клучна важност, особено при воспоставување практики што го поттикнуваат успешното спроведување на меѓународното, сеопфатно портфолио, поврзано со колосални инженерски и дигитални проекти. Неодамна, компанијата ги отвори вратите на нивната експозитура во Скопје. Со желба да се разговара за важноста на лидерството во софтверската дистрибуција, се организираше средба на локални индустриски лидери, колеги и студенти. На средбата беа опфатени повеќе области.
Лидерството како тимска карактеристика
Домаќините на настанот, проектниот менаџер Билјана Дрвошанова и инженерскиот проектен менаџер Васко Дреноски, се искусни лидери кои знаат да се справуваат со практичните предизвици, поврзани со проектниот менаџмент. Со различни работни искуства – Билјана во проектниот менаџмент, а Васко во софтверското инженерство –директно влијаеја во проширувањето на перспективата и во формирањето столбови за лидерството што влијаеше во позитивното функционирање на тимот.
„Управувањето со тимот и со проектите се суштински испреплетени едно со друго“, тврди Билјана. „Нема успешно спроведување на проекти со лошо раководство. Дури и најдобрите лидери во светот не можат да го направат тоа да функционира, ако недостасуваат солидни практики за понатамошна испорака. За нас, секогаш е важно да се нагласи дека лидерството не подразбира една личност да ја има целата моќ, туку да се има дисперзиран сет на вештини дистрибуиран низ сите членови во тимот“.
Дали сите лидери се во менаџментот?
Васко ја истакна разликата помеѓу лидерството и менаџментот. На крајот на краиштата, сите лидери немаат менаџерски улоги. Исто така, иако тимското лидерство е важно, секој може да биде и индивидуален лидер, особено кога станува збор за нивниот индивидуален работен опис.
„Лидерството не е резервирано само за менаџерските улоги. Сите ние, како членови на тимот, можеме да бидеме лидери, така што ќе покажеме посветеност и одговорност за нашата работа“.
Тој, исто така, спомна колку е важно тимовите и организациите да ги негуваат лидерските квалитети и да обезбедат насоки за да им помогнат на лидерите да се чувствуваат удобно во нивните улоги. Кога сите во тимот преземаат одговорност како лидери за својата работа, соработката низ задачите често е посилна. Како резултат на тоа, сите проблеми што се појавуваат во животниот циклус од развојот на софтверот се решаваат побрзо.
Навигација низ тимската динамиката која произлегува од односот клиент-испорака
Во секоја соработка со клиентите, комуникацијата е клучна, особено кога треба да се осигуриме дека очекувањата за испораката на софтверот се исполнети. Според Билјана, динамиката којашто произлегува од пронаоѓањето заедничка основа, што ќе ги задоволи и барањата на клиентите и барањата на тимовите за испорака, е чест, но клучен предизвик во проектниот менаџмент.
„Проектниот менаџер или менаџерот за испорака служи како мост помеѓу клиентот и тимот за испорака. Во успешната соработка, најкритичниот, а, исто така, и најтешкиот фактор е поставувањето на очекувањата на начин што ги прави и ги одржува среќни двете страни”.
Билјана, исто така, нагласи дека проект-менаџерите не треба да функционираат како шефови или претпоставени, туку дека треба да понудат тимска поддршка што го води проектот кон успех. Таа ја спореди таквата улога со улогата на диригентот на еден оркестар. Имено, за да се увери дека композицијата е изведена маестрално, диригентот мора да го разбере инструментот на секој музичар, а, исто така, треба да го разбере и тајмингот на делото.
Лидерство во инженерството
За време на дискусијата, Васко објасни дека децениската временска инвестиција во софтверското инженерство позитивно влијаела во формирањето на неговата менаџерска улога, а, исто така, влијаела и за подобро разбирање на новонаметнатите обврски.
„Инженерите сакаат да се раководат од што е можно поедноставни концепти – црни или бели, вистинити или лажни. Нашите одлуки ги базираме на факти. Иако сега работам со луѓе, а не со податоци, принципот останува ист – треба да се соберат сите релевантни информации, а потоа да се донесе конечна одлука“.
Како лидер Васко ја истакна важноста дека треба да се знае како да се работи со различни луѓе – инженери, софтверски тестери, сопственици на производи и претставници на клиентите. Воспоставувањето квалитетна комуникација со секој од членовите на тимот може да им помогне на лидерите брзо да соберат информации и да донесат конечни одлуки за побрза испорака.
Јасната одговорност е камен-темелникот за успех
Билјана и Васко се согласија дека основата на успешните практики за испорака лежи во јасното дефинирање на улогата и одговорностите на секој член од тимот.
Васко се потсети на неговиот предизвик поврзан со замената на инженерските одговорности со одговорностите што се поврзани за лидерството. При пренесувањето на барањата на клиентот, се случувало тој да вклучува многу технички белешки, сѐ додека лидерот на техничкиот тим не ја променил неговата перспектива. Тој му објаснил дека тимот треба да има одговорност да носи технички одлуки. Тие да се одговорни за техничките резултати на ист начин како што Васко е одговорен за неговите деловни одлуки. Тоа му помогнало да сфати дека она што го гледал како корисна активност довело само до внесување на непотребна комплексност во целиот процес.
Јасната дефиниција на улогите и на одговорностите на лидерите и на нивните тимови, исто така, е еден од главните предуслови за непречена соработка со клиентот. Со воспоставена солидна дистрибуција на вештини и на одговорности, можеме точно да го претставиме тимскиот капацитет на клиентот и да управуваме со нивните очекувања околу временските рокови и во врска со резултатите.
Лидерството се менува
Улогата и природата на лидерството постојано се менуваат со индустријата поврзана со развојот на софтверот. Практиките за развој на софтверот, како и методологиите за управување со проекти продолжуваат да се развиваат и да се усовршуваат. Како резултат на овие промени, не само што се воведуваат нови улоги туку се менуваат и пристапите.
Со цел да обезбеди позитивни резултати, HTEC постојано ги усовршува своите практики и методологии за испорака. Сепак, основата за ефективно лидерство и практики за испорака на компанијата останува иста: одговорност и посветеност на моментните потреби, како и исполнување и надминување на очекувањата.
Дискутирањето за односот помеѓу лидерството и испораката на софтвер во рамките на професионалната заедница ни помага на сите да размислуваме, да се подобриме и да се подготвиме за предизвиците што претстојат. HTEC сака да ги сподели своите знаења и искуства. Токму поради тоа, го поздравува придонесот на локалните мисловни лидери во индустријата и гледа на ова како на пат кон одржлив раст и подобрување во нашиот заеднички технолошки екосистем.
Дали барате сигурен партнер за софтверско инженерство и за развој на дигитален производ? Практиките за испорака и лидерство на HTEC обезбедуваат непречена и успешна испорака во секоја фаза од проектот. За да дознаете повеќе за начинот на работа на HTEC, посетете ја htecgroup.com.