Марио Стошевски: Од дигитална уметност до 3D дизајн на инфлабилни елементи – Пат полн со предизвици и иновации

Во ситуации кога креативноста се судира со технологијата, професионалните патишта често добиваат неочекувани насоки. Таков е случајот и со Марио Стошевски, 3D дизајнер кој својата кариера ја започна во светот на дигиталната уметност, за потоа да навлезе во специфичната и динамична индустрија за инфлабилни елементи по нарачка. Неговата приказна е сведоштво за адаптивноста, континуираното учење и храброста да се прифатат нови предизвици во ера на брзи технолошки промени, вклучително и подемот на вештачката интелигенција.

Од дигиталната илустрација до 3Д моделирање

Патешествието на Стошевски започнува со петгодишно искуство во дигиталната илустрација.

Дигитална илустрација работев 5 години, со најголем фокус на изработка на илустрации на карти за „TCG“ (trading card games), но исто така работев и концепт арт, корици, стрипови, постери, детски илустрации и слично,“ вели тој, осврнувајќи се на годините исполнети со работа и бројни клиенти.

Сепак, промените на пазарот и појавата на генераторите на слики базирани на вештачка интелигенција го поттикнале да размислува за нова насока.

„Со текот на времето добивањето нови проекти стануваше сè потешко. Тоа се совпадна со појавата на првите генератори на слики базирани на вештачка интелигенција, како Midjourney, DALL-E и други,“ објаснува Стошевски. Тој додава: „Со помош на неетички создадени библиотеки составени од милиони илустрации превземени од безброј уметници, овие алатки започнаа да генерираат „оригинални“ илустрации со висок квалитет и минимални грешки што лесно се коригираат во Photoshop. Дигиталната слика за која јас потрошив години труд учејќи ја од основните ликовни елементи и принципи до совладување на дигиталните алатки, сега можеше да се добие за неколку секунди со помош на Midjourney и тоа со подобар квалитет. Тогаш за првпат почнав сериозно да размислувам за промена на насоката.“

Интересот за 3Dдизајнот отсекогаш постоел, а свесноста за пошироките можности што ги нуди го мотивирала да започне со учење.

За релативно кратко време успеав да добијам проект преку Upwork како 3D карактер артист за мобилна игра што беше мое прво професионално искуство во оваа област кое траеше шест месеци,“ раскажува Стошевски.

Ова искуство му овозможило да изгради солидно портфолио и да стекне драгоцено знаење, што набрзо потоа, преку препорака, го одвело до позицијата 3D дизајнер во индустријата за инфлабилни елементи.

Предизвиците и фасцинацијата на инфлабилниот свет

Транзицијата кон дизајнирање физички објекти не била без предизвици.

„Дефинитивно имаше „learning curve“ бидејќи влегов во нешто сосема ново и непознато. Креативноста веќе не беше доволна, за прв пат се сретнав со димензии, материјали, ограничувања, функционалност, намена на употреба и слично,“ признава Стошевски.

Новиот начин на размислување бил неопходен, а поддршката од тимот клучна за брзо прилагодување. Она што најмногу го фасцинира во оваа индустрија е разновидноста.

Фасцинантно е колку различни нешта се произведуваат во инфлабилна форма. Почнувајќи од лого, текст, тунели, лименки, флаши, карактери, животни, возила, бродови, терени за спорт, авиони, уметнички инсталации, буквално сѐ може да се претвори во инфлабилен објект,“ истакнува тој. Спецификите на дизајнирањето за оваа индустрија лежат во ограничувањата на самата технологија. „Формите мора да бидат прилагодени на материјалите и начинот на производство, а тоа значи дека не секој детал од класичниот 3D може директно да се пренесе. Потребно е да се размислува и за практичноста, стабилноста, безбедност, функционалност и слично.“

Од идеја до финален производ: процесот на создавање

Типичниот работен процес започнува со идејата на клиентот, која потоа се развива и прилагодува.

Првичниот концепт го визуелизираме преку 3D рендери од различни агли,“ објаснува Марио. Клучните фази вклучуваат: „правилно напишани инструкции со добри референци, креативен и функционален дизајн, изработка на векторска графика за принт, техничка проверка во однос на ограничувања, финално одобрување од клиентот, подготовка на детална продукт документација и пуштање во производство.“

За креирање на 3D моделите и рендерите, најчесто се користи Blender, но и Cinema 4D и 3ds Max. За изработка на векторски графики кои се користат за принтање на инфлатабилните форми користиме Adobe Illustrator и понекогаш Adobe Photoshop,“ додава тој.

Справувањето со предизвиците поврзани со материјалите, големината и структурниот интегритет е клучен дел од процесот.

Имаме одличен тим на инженери преку кои поминува секој дизајн пред да оди во производство. Тие ни даваат совети и упатства, кои со тек на време ги учиме и асимилираме, што ни помага да креираме поефикасни дизајни,“ нагласува Стошевски.

Меѓу стотиците проекти на кои работел, најинтересни му се инфлабилните форми наменети за приказ од познати ликови како „Мики Маус, Супер Марио, Соник и слични.“

Комуникацијата со клиентите и улогата на вештачката интелигенција

Јасната комуникација со клиентите е од суштинско значење. „Разбирањето на нивната визија и поставувањето реалистични очекувања се клучни за успешен дизајн и финален продукт,“ вели Марио. Важно е клиентот навреме да биде информиран за сите технички ограничувања и можности.

Кога станува збор за вештачката интелигенција, Стошевски има нијансиран став. Иако првично имал негативно мислење поради нејзиното влијание врз дигиталната уметност, сега ја гледа како корисна алатка.

Иако имам доста негативно мислење за примената на ВИ во дигиталната уметност и дизајн, сепак сум свесен дека би било во спротивно од наша корист доколку не ги користиме за да си ја олесниме и убрзаме работата,“ признава тој. Во моментов, ВИ се користи за „зголемување на резолуција на материјали за принтање, автоматско векторизирање, генерирање концепти и добивање на брзи одговори и решенија,“ со алатки како ChatGPT, AI image enhancer и AI vectorizer.

Тој прави разлика помеѓу влијанието на ВИ врз дигиталната илустрација и 3Д дизајнот на инфлабилни елементи.

„Дигитална илустрација е поле каде ВИ релативно брзо започна да ја заменува човечката работа, бидејќи најчесто станува збор за статични слики со единствена визуелна намена,“ објаснува тој. „Но дизајнот на инфлабилни елементи е многу поспецифичен, тука зборуваме за физички продукти кои мора да исполнуваат технички барања. Поради тоа дури и со напредокот на ВИ одредени аспекти на овој процес особено креативноста, разбирањето на материјалите и техничките ограничувања сè уште бараат човечки допир и искуство.“

Марио верува дека ВИ не може да ја подобри креативноста, бидејќи „сè што ВИ генерира е базирано на веќе постоечки човечки труд.“ Сепак, таа може да ја зголеми ефикасноста.

„Според мене нејзината вистинска улога требаше да биде автоматизација на механичките и репетативните технички процеси, а не замена на човековата креативност. Сепак реалноста е таа, ВИ е тука и ќе продолжи да се развива. Наместо да ѝ се спротивставуваме, треба да се прилагодиме и да научиме како најдобро да ја интегрираме во нашите работни процеси.

Иднината на 3D дизајнот и совети за младите

Иднината на 3D дизајнот во индустријата за инфлабилни елементи ја гледа позитивно. „Факт е дека моментално вештачката интелигенција не може целосно да го замени 3D дизајнерот, но важно е да прифатиме дека нејзиното користење ќе стане сè поприсутно,“ вели тој, нагласувајќи ја потребата од адаптација.

На младите дизајнери им порачува: „Само храбро напред! 3D дизајнот е навистина широка и динамична област што се користи во многу индустрии како: инфлабилни елементи, продукт дизајн, ентериер и мебел, архитектура, мода, видео игри, филм, анимација и многу други. Секој може да си ја најде својата бранша и да се развива таму каде што најмногу се пронаоѓа.“ А за ВИ, додава: „Гледајте на неа како алатка што може да ви помогне и да ви ја олесни работата, а не како нешто што ќе ве замени.“

Следни чекори и лични амбиции

Во моментов, фокусот на Стошевски е на професионален напредок, пренесување знаење на нови колеги и координација на проекти. Во слободно време, работи на персонални 3D проекти, со особен интерес за дигитална скулптура. „Во иднина имам желба да навлезам и во светот на 3D принтање на минијатури, што го гледам како возбудлив следен чекор во светот на 3D,“ открива тој за своите идни планови.

Приказната на Марио Стошевски е инспирација за сите кои се движат низ динамичните води на креативните индустрии, покажувајќи дека со отворен ум, желба за учење и способност за адаптација, секој пр

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk