Секогаш искрениот ко-основач на Apple, Стив Возниак вели дека Apple Maps не се толку катастрофални како што велат многумина, иако признава дека можеби ќе беше попаметно да ги задржат Google Maps. За него, најголем проблем е користење на мапите со гласовна команда.
„Се обидов да навигирам некаде, но не успеав да стигнам до таму со гласовна команда. Да, бев разочаран бидејќи ми се допаѓа навигацијата со глас на Google Android телефони, бидејќи е основана на подобра база на податоци.“, вели г. Возниак.
Тој за ZDnet ги спореди проблемите со мапите со проблемот со антените на iPhone 4. Кога излезе 4-ката многу корисници критикуваа дека се прекинуваат разговорите кога ќе се стави раката врз антената, иако при нормално користење тој проблем не се појавува.
„Понекогаш има многу поплаки за една мало нешто што ќе го забележат луѓето, но тоа не е тешко за да се поправи. Сè уште не знам за мапите – иако сум малку загрижен за навигацијата, но тоа го средувам со куп други апликации за навигација.“
Тоа всушност и не лоша идеја. App Store изобилува со добри апликации, па зошто да не се симне Google Maps, нели? Само уште Google да седне да ја направи.








Хаха, ако не си ги фали сам тогаш кој друг… Цел свет ги исмева.