Пријавете го вашиот проект на WebFest Awards 2012

0 коментари 1 мин. читање

Веќе неколку пати пишувавме за Web Fest.ME како една од најголемите конференции што се одржува на нашите простори. Како последен дел од тој настан е натпреварот за најдобар веб проект што се одржува од 22 септември до 15 ноември.

Пријавувањето е отворено за сите, трае до 10 октомври и вашата пријава можете да ја испратите преку официјалната Facebook апликацијата која можете да ја пронајдете овде.

Потоа, жирите и публиката ќе ги изберат најдобрите проекти во регионот, категоризирани во деветнаесет категории. Членови на жирито ќе бидат водечките луѓе на интернетот во регионот, како што се – креативците, блогерите, програмерите и сл.

Неодамнешен победник на уште еден натпревар што се одржува во рамките на Web Fest.ME е MediaToolKit и истиот ќе учествува на TechCrunch Disrupt 2013 во Њу Јорк.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед