ЕУ отвори антимонополска истрага против Corning

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Европската унија започна антимонополска истрага против Corning Inc., компанија лидер во производството на специјално стакло за мобилни уреди. Истрагате е отворена поради сомневање дека компанијaта ја злоупотребила својата доминантна позиција за да ги исклучи конкурентите. Најпознатиот производ на Corning, Gorilla Glass, се користи во паметни телефони и други електронски уреди. Стаклото за заштита е популарно поради неговата издржливост и отпорност на кршење. Сепак, ЕУ изразува загриженост дека ексклузивните договори на Corning со производителите на паметни телефони спречуваат конкурентите да склучат свои договори. Ова може да го ограничи изборот на потрошувачите и ја попречува пазарната конкуренција.

Ексклузивните договори причина за загриженост во ЕУ

Европската комисија оваа среда објави дека ќе ја испитува деловната пракса на Corning, пред сѐ договорите со производителите на мобилни телефони. Истрагата треба да покаже дали противзаконски ги ограничуваат другите производители на стакло да влезат на пазарот. Комесарката на ЕУ за конкуренција, Маргрете Вестагер, истакна дека ваквата пракса би можела да ги зголеми цените и да ја ограничат достапноста на стакло кое е отпорно на кршење за потрошувачите. Вестагер објасни:

„Разгледуваме дали Corning, главен производител на ова специјално стакло, можеби се обидел да ги блокира ривалските производители на стакло, со што ги лишил потрошувачите од поевтино и поотпорно стакло.“

Corning: Од сијалици до иновации во високотехнолошко стакло

Corning e основан уште во 1851 година. Првично стекнале репутација во производството на стакло преку создавање на обвивки за сијалици за Томас Едисон. Со текот на времето, Corning се фокусирал кон иновации во материјалите, посветувајќи се на стакло и керамика за индустриски, научни и потрошувачки примени. До средината на 20 век, Corning се проширил на телекомуникациски производи. Компанијата го креирала првиот кабел со ниска загуба за оптички влакна во 1970-тите. Со тоа компанијата има значајно влијание во телекомуникациската инфраструктура. Дури и денес, Corning останува лидер во оптичката технологија.

Во последните децении, Corning го насочи својот фокус кон напредни стаклени решенија за потрошувачката електроника, создавајќи материјали кои се издржливи на секојдневната употреба. Неговата најпозната понова иновација, Gorilla Glass, стана стандарден избор за паметни телефони, таблети и други мобилни уреди. Лансирана е во 2007 година, иста година како и првиот iPhone. Стаклото Gorilla Glass воведе нови стандарди за издржливост, отпорност на гребнатини и оптичка чистота. Брзо стана омилен заштитен материјал за глобалните производители на паметни телефони.

Image courtesy of Corning

Gorilla Glass

Gorilla Glass на Corning еволуираше низ неколку генерации, при што секоја верзија ја зголемуваше издржливоста и чистотата. Со воведувањето на технологијата за стакло со алкали-алуминосиликат, Gorilla Glass постигна баланс помеѓу издржливоста и дебелината, овозможувајќи им на производителите да создадат тенки, но цврсти уреди. Денес, најновата генерација, Gorilla Glass Victus 2, се рекламира како отпорна и на гребнатини и поотпорна на падови од претходните верзии, зајакнувајќи ја доминацијата на компанијата на пазарот на паметни телефони.

Потенцијални казни за Corning

Доколку биде прогласен за виновен за нарушување на слободниот пазар според законите на ЕУ, Corning би можел да се соочи со значителни финансиски последици. Потенцијалните казни може да достигнат и до 10% од неговите годишни глобални приходи. Компанија во 2023 година пријавила 14 милијарди долари приходи, па оваа казна би можела да биде значителен финансиски удар. Corning има можност да преговара со Комисијата и да предложи решенија кои ќе ги ублажат овие стравувања. Доколку случајот продолжи, доминацијата на Corning на пазарот на стакло за мобилни уреди би можела значително да се промени.

Казна за Apple

Оваа недела и Apple дојде под будното око на ЕУ, соочувајќи се со својата прва казна воопшто според новоусвоениот Акт за дигитални пазари (DMA). Технолошкиот гигант е обвинет дека ги прекршил регулативите на DMA со спречување на програмерите на апликации да ги насочат корисниците кон надворешни, често поевтини, опции за плаќање надвор од App Store. Ова е во спротивност на DMA, а казните се ригорозни.

Случајот на Apple го нагласува ставот на ЕУ за обезбедување праведна конкуренција на дигиталните пазари. Apple веќе беше казнет со 1,8 милијарди евра во врска со услугите за стриминг на музика. Сега би можеле да добијат дополнителна значителна казна според DMA. Казната може да биде проследена и со можни дневни казни додека не ги исполни барањата на ЕУ.

Photo by Medhat Dawoud on Unsplash

Порака до сите на пазарот

Истовремените постапки против Corning и Apple ја одразуваат новопронајдената посветеност на ЕУ за промовирање на конкурентските практики во различни индустрии, од компоненти за паметни телефони до дигитални пазари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments