0 коментари 1 мин. читање

Mакедонците се во градот (вирално видео)

Салата ќе еруптира штом македонците ќе постигнат гол, вели англискиот коментатор во новото вирално видео „EHF Euro 2012 – The Macedonians Are In Town”, кое за само два дена e прегледано околу 50.000 пати.

YouTube видеото, креирано од корисникот IP14, ја доловува одличната еуфорија од Европското ракометно првенство во Србија на кое Македонија го освои петтото место, а Кире Лазаров стана рекордер по постигнати голови на сите европски првенства. Одличното видео ја прикажува и неверојатната атмосфера направена од илјадниците македонски навивачи.

„Гледајќи ја публиката ќе си помислите дека се наоѓате во Македонија.“, вели еден коментатор.

Навивањето сè уште не е завршено бидејќи Македонија во април ќе игра квалификации за Олимпијадата во Лондон 2012.

[youtube]haOax37Bsxs[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top