Maкедонците потрошија 7 милиони евра онлајн за три месеци, но локалните продавници заостануваат

во ИТ.МК

Во првите три месеци од 2016 година македонските корисници онлајн потрошиле над 7 милиони евра. Ова е пораст од 26 отсто во однос на истиот период во 2015 година, јавува Дневник, повикувајќи се на податоци од Народната банка на Македонија.

Вкупната сума од 7 милиони евра го вклучува онлајн плаќањето на сметки, но и онлајн шопингот. Најмногу пари македонските купувачи потрошиле во февруари 3,3 милиони евра, во март онлајн се потрошени 2,1 милион евра, а во јануари 1,6 милиони евра. Состојбата соодветствува и според бројот на трансакции, па така во февруари се направени 152.724 трансакции, во март 124.935, а во јануари 115.817 трансакции. Според податоците на НБРМ бројот на трансакции во февруари е досегашен рекорд. Вкупно во овој период онлајн се направени 393.476 трансакции и овој број е и премногу мал во споредба со вкупниот број на трансакции кој надминува 10 милиони. Во проценти околу 3,925 отсто се онлајн трансакции.

За жал статистиката не го покажува најрелевантниот податок, колку од потрошените пари во Македонија се потрошени за плаќање на сметки, а колку за онлајн купување на производи. Најголем дел од корисниците кои купуваат онлајн тоа го прават во продавници надвор од Македонија, но и надвор од Европа, дури 56,2 отсто. Во Македонија купуваат или поверојатно плаќаат сметки, 47,1 отсто од купувачите, а 36,3 отсто купуваат онлајн од некоја продавница во Европа. Најголем број од онлајн продажбата најверојатно отпаѓа на најголемите продавници Ali Express и Amazon.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk