Google најави дека следната верзија на „повикувачот“ (dialer) на Nexus телефоните ќе ги известува корисниците дали добиваат телефонски повик од спамер. Кога корисникот ќе добие повик од некој од познатите спам броеви ќе биде предупреден дека станува збор за можен „спам повик“, веднаш под телефонскиот број кој повикува. За активирање на оваа функција корисникот треба да ја има вклучено ID caller функцијата.
За жал, засега заштитата е достапна единствено за дел од корисниците кои користат Nexus и Android One уреди. На овие телефони е овозможена заштита, но сопствениците на останати уреди кои се во поголем број засега немаат заштита. Известувањето за можните спам повици ќе биде достапна веднаш по надградбата на Dialer апликацијата. Корисниците на останатите телефони, засега ќе мора да почекаат телекомите автоматски да започнат да ги блокираат спам повиците. Корисниците на овие уреди можат да проверат дали ја имаат инсталирано апликацијата и на Google Play.
