Почетокот на август е сезонскиот пик за летните одмори, а интеграцијата на Google сервисите не е исклучок ниту во овој дел. Кога станува збор за одмор и посета на нови дестинации, првата активност вообичаено е пребарување на саканата дестинација на Google или пак на некоја социјална мрежа, а за патот до истата таа дестинација најчесто асистира и Google Maps.
Кога се работи за прва посета на некоја нова дестинација, Google рецензиите имаат доста големо влијание за угледот и реалната слика на таа дестинација со што влијаат на одлуката дали да се посети одредената дестинација.
Туризмот во Македонија не е движечка сила, како што тоа е случај во нашиот јужен сосед, но сепак Македонија има и те како што да понуди. Во продолжение, топ 5 места во Македонија кои што имаат најмногу Google рецензии.
5. Милениумски крст на Водно (4,443)

На петтото место е милениумскиот крст на Водно со 4.443 Google рецензии и просечна оценка од 4,6 ѕвезди.
4. Камени мост (5.311)

На четвртото место е Камениот мост во Скопје со 5.311 Google рецензии и просечна оценка од 4,6 ѕвезди.
3. Зоолошка градина ,,Скопје” (7.023)

На третото место се наоѓа скопската Зоолошка градина со 7.023 Google рецензии и просечна оценка од 4,3 ѕвезди.
2. Манастир Свети Наум (8.612)

На второто место се наоѓа Манастирот Свети Наум со 8.612 рецензии на Google и просечна оценка од 4,8 ѕвезди.
1. Стара скопска чаршија (20.461)

Старата скопска чаршија е неприкосновена на првото место со 20.461 рецензии на Google и просечна оценка од 4,5 ѕвезди.
И Google рецензиите не се клучен фактор!

Како во животот, така и на интернетот, ништо не е сјајно, се разбира дека постојат и голем број на лажни Google реценции на кои што Google будно работи за нивно пронаоѓање и отстранување.
Но, не е на одмет да се знае и нешто повеќе за тоа како да се препознае лажна Google рецензија, а доколку и вие сакате да дознаете како, оваа објава е за вас.







