Македонско-хрватскиот стартап Fueloyal доби нови 100.000 евра инвестиција

во ИТ.МК

Македонско-хрватскиот стартап Fueloyal Technology успеа да обезбеди дополнително финансирање за своето паметно капаче iCap 1000 кое спречува кражба на гориво. Fueloyal се најде помеѓу 23-те проекти кои влегоа во IMPACT програмот за акцелерација и со тоа обезбедија 100.000 евра.

Тоа што е значајно е што за овие средства не е потребен влог, јави Netokracija. Учесниците единствено треба да споделaт дел од податоците кои ги собрале во текот на својата работа. IMPACT е дел од програмите за акцелерација на Европската Унија, а за последниот круг на инвестиции се пријавија 819 стартапи.

Fueloyal е основан од Игро Христов и Хрват Магочи и главен пазар на кои се фокусираат во прво време се САД и Канада, каде што имаат бизнис партнери. Според нив, пазарот за камионски превозници во САД е огромен и нивното капаче, кое е во прототип, ќе може да најде клиенти многу полесно. iCap 1000 овозможува регистрација на количеството на гориво кое го полни превозникот и со тоа оневозможува кражба на истото. Годишната штета од украдено гориво од камионските превозници се проценува на 83 милијарди долари.

Покрај инвестицијата не е занемарливо ни соработката со тимот на IMPACT кој е составен од 20 основачи и 50 ментори, па токму ова е главната причина за учествување во акцелераторот. Fueloyal Technology се надева дека учеството во IMPACT ќе им помогне и во освојувањето на европскиот пазар, кое се планира при втората фаза на ширење.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk