0 коментари 2 мин. читање 28 јули, 2015

Daimler бара дозвола за јавно тестирање на автономни камиони во Германија

Германскиот производител на возила, Daimler, поднесе барање до германската агенција за сообраќај за дозвола за тестирање на своите автономни камиони на патиштата во Германија. Досега компанијата ги тестираше своите камиони во Невада, според законите кои важат за сите возила во САД засега и покрај тоа што возилото го управува компјутер, мора да биде присутен и возач. Компанијата во моменетов ги тестира своите возила и во Германија, но на својата тест патека. Доколку одговорот на агенцијата за сообраќај биде потврден Daimler ќе започне со тестови околу Штудгард.

„Тестираме во Германија на нашите патишта. Следниот чекор е да се префрлиме на германскиоте јавни автопати. Се надеваме дека ова ќе го направиме до крајот на годината“, вели портпаролот на Daimler за BBC. Од компанијата велат дека со помош на „автопилот“ возењето на камиони по патиштата ќе биде побезбедно. Возачите на камиони вообичаено возат на долги релации и покрај обидите да се направи некој ред со огранилување на бројот на часови засега резултатите се далеку од посакуваните. Можноста за одмор додека компјутерот презема дел од одговорноста за управување со возилото, како и моженост за намалување на монотонијата на овие патишта секако ќе биде добредојдена во прво време, но се чини дека со развој на тенологијата паметните возила во иднина би можеле во целост да ги заменат луѓето возачи, иако во моментов технологијата е сè уште далеку.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top