Откако Евроопа и дел од активистите побараат слобода за Едвард Сноуден, поранешниот аналитичар на NSA кој објави доверливи документи за прислушување и следење на интернетот, Белата Куќа излезе со соопштение во кое вели дека нема да има помилување за г. Сноуден.
Одговорот овојпат дојде по петицијата на која речиси 168.000 подржувачи му изразија поддршката на г.Сноуден. Но, Лиза Монако, советник за безбедност и контраразузнавање, вели дека постапките на г. Сноуден ја загрозиле безбедноста на САД. Тој, според законите на САД, е обвинет за најголемо злосторство – предавништво. Дополнително во Белата куќа не гледаат благонаклоно кон одлуката на свиркачот да избега во Русија, наместо да остане дома во САД и да се соочи со последиците на своите постапки. Тоа што можеби е изненадување е што одговорот на петицијата доаѓа со една година задоцнување, откако преставник на Белата куќа требаше да одговори пред повеќе од една година.
„Ви благодариме што ја потпишавте петицијата за Едвард Сноуден. Ова е прашање за кое многу од Американците имаат свој став. Неговите акции имаат последици за националната безбедност, го разгледавме ова со Лиса Монако…“, се вели во одговорот на барањето кое во целост може да го разгедате тука.
Во моментов Едвард Сноуден сè уште, трета година по ред, има азил во Русија. Дел од советниците на претседателот на САД се загрижени дека г. Сноуден во замена за азилот со руските агенции го споделува државните тајни на САД.