Македонскиот стартап Tesseract Interactive oди во Софија со шанса да добие 30.000 евра од LAUCHub

во ИТ.МК

Независното студио за видео игри Tesseract Interactive е најде меѓу 16-те финалисти од 10 земји кои ќе одат во Софија на стартап натпревар од 31 јануари до 3-ти февруари. Натпреварот е организиран од бугарскиот инкубатор LAUNCHub кој инвестира во разни стартапи од Јужно-источна Европа. Инкубаторот е поддржан од Европската Унија и бугарските власти, и доделува почетен капитал од 30.000 до 200.000 евра за понатамошен развој на стартапите кои ќе импресионираат во програмата.

Tesseract Interactive е влезен во првата рунда на избор, во која доколку ги ипресионираат инвеститорите ќе добијат почетна „seed“ инвестиција од 30.000 евра во замена за мал процент од компанијата, и можност да напредуваат во програмата. За време на „долгиот викенд“ стартапите ќе бидат потпомогнати од ментори да ги направат своите бизнис планови кои ќе треба да ги презентираат на последниот ден од викендот. Македонскиот тим предводен од Иван Ивановски и Александар Јовановски е составен од седум млади програмери околу 25-годишна возраст, кои изработуваат игри од хоби. Нивен прв проект, кој сè уште е во фаза на развој, е видео играта Excubitor која е аркадна игра со вселенски летала. Гејмплејот може да видите во видеото подолу.

„Аплициравме на LaunchHub неколку дена пред нова година и бевме изненадени кога дознавме дека сме избрани во потесен круг од вкупно 200 апликанти. Не се надевавме дека воопшто ке стигнеме тука. Ова ке ни биде прв пат да бидеме присутни на ваков настан каде што можеме да ја презентираме нашата игра пред инвеститори и затоа сме возбудени.“, вели Tesseract Interactive за It.com.mk.

Со среќа!

[youtube]X0nZpu4CnK8[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Дамир
Дамир
13 years ago

Лош потег… подобро ќе беше да одеа со "Crowdfunding"… така немаа да губат дел од компанијата и ќе добиат "free publicity"… и најважно можат да соберат многу повеќе средсва.

види ги сите огласи на kariera.it.mk