Twitter ја претстави апликацијата Vine за iOS со која може да твитате видео

0 коментари 1 мин. читање

За жал вчерашната презентација за вметнато видео не беше наменета за сите корисници на Twitter, туку само за iOS корисниците кои ќе ја симнат новата Vine апликација.

Со оваа апликација, која е налик на Instagram, но за видео, ќе може да снимите и споделите видео од шест секунди кое ќе биде вметнато во твитот, како што се вметнува и слика. Видеото може да се гледа директно од Twitter, без потреба да се отвараат нови линкови. Споделените видеа се постојано пуштени, но се паузираат со клик врз нив. Сè уште нема други копчиња како стоп и плеј, но има опција за аудио која е изгасена по default.

Vine e бесплатна апликација и може да се најде на Apple App Store.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top