Evernote и Moleskine повторно креира заедничка Evernote апликација за бизнис корисниците, објави Evernote на својот блог. Новата апликација Evernote Business Notebook нема премногу да се разликува од претходниот Smart Notebook, а главна разлика ќе биде можноста корисниците селективно да ги споделат забелешките. Така корисниците ќе можат да ги споделат своите рачно напишани белешки од состаноците со останатите, но сепак да задржат дел од нив за себе.
Секоја паметна тетратка доаѓа со сопствен сет на налепници на кои корисниците можат да им доделат дополнителна функционалност, на пример една од налепниците може да означува специфична локација на која ќе треба да се префрлат сликите, односно налепница „авион“ знали дека сликата треба да биде префрлена во „тетратката“ за патување. Апликацијата сега овозможува при сликање автоматско нагодување на контрастот или нивна дигитализација. Освен ова корисницте ќе можат да го споделат само горниот дел од страната оставајќи го долниот дел отворен за забелешки кои сакаат да ги зачуваат приватни. Evernote Business Notebook е достапен на Evernote Market за 32.95 долари, а заедно со апликацијата доаѓа три месечна претплата за Evernote Premium.
[youtube]XnEFP00pTIE[/youtube]