3 коментари 2 мин. читање 28 март, 2014

Прилепски наставници освоија прво место на Microsoft Global Forum

Дарко Талески, наставник по ликовно, и Софија Грабулоска, наставник по англиски, се вратија од Барселона со прво место во категоријата Collaboration на деветиот глобален форум на Microsoft in Education. Настанот кој се одржа на средина на март, е наменет да ја промовира технологијата, поточно сервисите на Microsoft, како алатка за подобро образование и секојдневното учење на најмладите корисници. Годинава на настанот се пријавија над 1.100 учесници од 97 земји, но двата македонски наставници импресионираа во една од петте категории со иновативен проект кој ги мотивираа прилепските ученици, од 13 до 15 години, да креираат видео, анимации и постери за да ги истражат темите за предвремени бракови, насилното однесување и културното наследство. Ова е второ големо признание за работата на г. Талески и г-ѓа. Грабулоска, кои се добитници на награда од Европскиот форум за иновативни наставници во 2013-та година.

„Долготрајната работа, љубовта и посветеноста кон професијата, слободата и мотивираноста за сопствено креативно изразување на нашите ученици беа главниот носител на оваа заедничка победа за нас како наставници и ученици од Македонија. Радосен сум што овие наши заложби беа потврдени и наградени на единствениот настан за иновации во образованието во светски рамки”, вели г. Талески.

[youtube]HCHCHD2rSkY[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Fidancho
Fidancho
12 years ago

Абе ИТ.мк ве товарија спамерите или ви одговара почитана страната ви изгледа со поќе коментари па макар и сите спам да се :)

Виктор Дано
12 years ago
Reply to  Fidancho

Ни се запнаа. :) Но, работиме на проблемот.

Ице Јованоски

Софија Грабулоска, наставник по Англиски?!
http://mk.linkedin.com/pub/sofija-grabuloska/a/52

Мени
Заедница
Изглед
To top