2 коментари 2 мин. читање 31 март, 2014

Bo Aмстердам се гради првата 3Д испринтана куќа

Веќе пишувавме за неколку концепти за 3Д принтање на куќи или делови од згради, сепак холандските архитекти Dus Architects за прв пат работат на градење на првата 3Д испринтана куќа во Амстерам. Принтерот кој се користи за изработка на елементите е специјално изработена зголемена верзија на десктоп принтер, а првата куќа ќе биде 13 собна со делови кои меѓусебно се спојуваат. Интересот за проектот е огромен, а при неодамнешната посета на Амстердам и претседателот на САД, Барак Обама го посетил местото каде се изработува куќата.

Целиот проект е замислен да биде доказ дека изградбата на овие куќи не само што е можна туку ќе претставува и напредок во однос на сегашниот начин на градба. Материјалот кој се користи за градење е сосравен од биопластика која е зацврсната со микро влакна, но се тестираат и други најразлични смеси за градење. Најинтересен дел сепак е што 3Д деловите ќе можат да бидат монтирани од било кога, па сите кои се повешти ќе можат самите да си ја изградат својата куќа.

„Како архитекти размислувавме што ова значи за архитектурата, што ако може да се принтаат 3Д-куќи. Ќе може да ги рециклираме сел од отпадот во згради, ќе се намали потребата од скап транспорт, креирање на единствена и персонализирана архитектура. Може да испринтате згради, да ги поделите и да ги однесете и да испринтате да ги растуриме и да ги испринтаме од почеток.“

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top