InstaNerd е супер проекt креиран од дизајнерот Александар Тасевски и Наташа Кировска, креаторт на pletenki.com. Како што навестува и името, сајтот потсетува на Instagram за гикови, полн со факти кои ќе ве направи попаметни од друштвото. Секоја фотографија доаѓа со супер интересен податок кој најверојатно не го знаете, но може да ви послужи или да ви се најде корисен за да започнете разговор, или да се направите попаметни. Пример, има факт дека во една епизода на Том & Џери и двата лика се самоубиваат, или дека сецканите парчиња од јаболко нема да оксидираат брзо ако им ставите капки лимон врз нив.
„Тогаш ни текна зошто не ги запишуваме овие интересни факти на картички и да ги споделува по случаен избор. Како тоа што го правиме во разговор едни со други. Податоците немаат потреба од дата или некој ред, треба само да бидат интересни. Луѓето сакаат да читаат куси податоци од кој ќе научат нови работи, ќе продолжат да притискаат на Next копчето за следниот податок. Па ја добивме финалната формула: моментално+случаен избор=забавно+учење на нови работи. Луѓето сакаат паметни работи, особено ако се убаво спакувани… Не бевме сигурни колку ќе бидат доволни, па Наташа продолжи да допишува нови интересни податоци секој ден.“, вели Александар.
Сајтот е „наједноставен што се може“, и со оправдана цел бидејќи фокусот е на интересните факти. Секој нов податок ви е презентиран со притискање на Next копчето, а споделувањето на информациите на друштвените медиуми е подеднакво едноставно и може да се направи од сајтот. Дополнително доколку сакате да вметнете некој од податоците можете да го преземете и embed линкот.
Дечките работат на мобилна апликација која можеби ќе биде покорисна од сајтот, кој пак веднаш од стартувањето доби одлични критики на Product Hunt каде беше претставен за првпат. Фидбекот од Product Hunt им донесе околу 17.622 посети уште првиот ден, а Instanerd беше спомнат и на вестите на This Week in Startups и Fox News. Наскоро ќе биде објавен и виџет, а ќе бидат и додадени нови функционалности како квизови и други позабавни алатки.








Zakon sajt. Glupi komentari.
Барем Next копчето да имало фиксна позиција да не го барам на секој клик
или да може со тастатура да се врти…
Што дизајнери ќе беа ова, со таков (субјективно ете) лош дизајн и толку лош UI…
Najdobro dizajniran sajt od Makedonec .
Тука нема никаков дизајнм сајтот коси со сите вебдизајнерски норми и препораки.
Ziti dizajnot. Slika, tekst i edna glupa ramka okolu.
bullshit