Старите аркадни игри беа најдобри, нели? Без грижа, сега може да го претворите вашиот iPhone во Game Boy со кој ќе може да ги играте сите омилени kласични игри од 1990-тите. Се работи за GBA4iOS eмулаторот, кој не е достапен на App Store, но може да се симне директно од сајтот на девелоперот Рајли Тестут. Емулаторот користи пропуст во iOS со враќање на датумот за еден ден за да се инсталира бесплатно на било кој iOS уред. Упатствата за инсталација ќе ги најдете на сајтот, а што се однесува до емулаторот, тој е едноставен за користење, и можеби најважно – не ви треба jailbrake за GBA4iOS да работи.
Тоа што може да ве збуни на почеток е што емулаторот не ги содржи игрите, односно не ги содржи ROM фајловите. Нив ќе треба да ги симнете од разните сајтови на Веб, така што ќе го стартувате Safari преку GBA4iOS, ќе најдете некој сајт со ROM фајлови од игрите, и ќе ги симнете. Толку. Потоа ќе може да ги играте на раат.
[youtube]IV8Vy1LvChA[/youtube]







