На Facebook има околу 879.540 македонски профили и 332 официјални фан страни на брендови и компании кои вкупно имаат над 3 милиони фанови, се вели во инфографикот на Socialnumbers.
Според инфографикот, фан страната на Unique Magazine е најпопуларната страна на Facebook. Тоа воопшто не изненадува бидејќи Unique надмина 200.000 фанови уште во ланскиот јули. Втора најпопуларна официјална страна е таа на Vicoteka.mk со 121.182 фанови, односно T-Mobile со 118.000 фанови. Сите други официјални страни на брендови се под 100.000 фанови.
Во инфографикот е изоставена фан страната на К-15 која е една од најпопуларните со над 140.000 фанови, но таа не е официјална.
„Во системот се внесени дел од официјалните страни, но има и такви кои не се сè уште внесени (како што е примерот со К-15). SocialNumbers располага со опција Claim your page преку која може агенциите или сопствениците на страните да ги пријават нивните страни и да го превземат сопствеништвото на нивните Facebook страни на системот SocialNumbers.“, вели Елена Талевска, од Nova Solutions, .мк агенција која е партнер на SocialNumbers.
Socialnumbers e сервис кој прикажува статистика за сите Facebook фан страни и соодветните агенции од неколку земји од Балканот. Нивните податоци се преземени од Facebook.

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.