0 коментари 2 мин. читање 10 јануари, 2012

Џастин Тимберлејк и Panasonic го најавија MySpace ТV

Џастин Тимберлејк се појави на сцената на CES заедно со Panasonic за да го претстави партнерството меѓу веќе заборавената друштвена мрежа и производителот на телевизори.

Познатата музичка ѕвезда од пред пред некое време е ко-спопственик на друштвената мрежа. Тој откупи дел од компанијата со идеја да ја врати популарноста на MySpace така што ќе го претвори во музички и видео сервис.

На CES, директорот на Panasonic Северна Америка, Џозеф Тејлор, рече дека компанијата сака да се отргне од традиционалните електронски уреди и стануваат повеќе ТВ компанија. Затоа, за да ја привлече публиката, Panasonic ги удружува силите со MySpace со што ќе им понуди на корисниците опција да комуницираат со пријателите додека гледаат телевизија и можност да споделуваат видеа.

„Зошто да им праќате пораки или имејл на вашите пријатели за да зборувате за вашите омилени програми откако ќе ги гледате кога може да го споделите искуството со интеракција во реално време со било кој ширум светот?“, вели Џастин Тимберлејк.

Сепак во кратката најава немаше којзнае колку детали за услугата, како ќе функционира, ниту какви би биле цените. Најверојатно ќе работи само со телевизорите на Panasonic.

[youtube]L5Tn6qivYyY[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top