Стартуван пред неполна година, Emit Knowledge требаше да биде друштвена мрежа на која програмерите и други ИТ ентузијасти ќе споделуваат знаење. За жал, мрежата не ги исполни очекувањата и тивко згасна. Марјан Николовски, еден од основачите, вели дека го гасат проектот бидејќи не успеаја да го пробијат надвор од Македонија, ниту пак имаат буџет да продолжат да го развиваат. Но, името ќе остане. Наместо друштвена мрежа за програмери, Emit Knowledge ќе биде позната како компанија која се фокусира на нов продукт за колаборација SocialSpot, со кој учествуваа на првата менторска програма на SuperFounders Skopje.
Иако го изгасија Emit Knowledge, сепак дечките остануваат верни на идејата да се споделува знаењето. Затоа ги закачија сите артикли кои беа споделувани на мрежата на GitHub и ги отворија за сите заинтересирани да можат да ги искористат. Се работи за околу 95.000 записи кои се споделија од корисниците, и главно се RSS фидови од следените сајтови. Според Марјан, овие податоци се достапни за јавноста да ја анализираат содржината преку најкористените тагови и зборови во ИТ текстови, и да ја искористат за едукативни цели.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.