0 коментари 3 мин. читање 17 февруари, 2014

Уплашени од роамингот, Европејците не користат мобилни кога патуваат

Иако Европската Унија започна агресивно да ги намалува трошоците за мобилните разговори надвор од домашните земји, сепак роамингот сè уште е застрашувачки за многу корисници. Високите цени ги ограничуваат европските бизниси, развивачи на апликации и корисници, вели евро-комесарката за Дигиталната агенда, Нели Крус, повикувајќи се на нова анкета во која се вели дека половина од Европејците не користат друштвени мрежи на мобилен кога се во друга држава, а скоро 30 отсто целосно го гасат телефонот.

Новата анкета направена со 28.000 европски граѓани покажува дека дури 97 отсто од Европејците кои патуваат во други земји го ограничуваат користењето на онлајн сервисите бидејќи стравуваат од високи сметки направени поради роаминг цените. Според Европската комисија, освен што корисниците се ограничуваат, и бизнисите и развивачите на апликации имаат помалку клиенти, и мобилните оператори губат на пазарот од 300 милиони мобилни корисници поради негативниот ефект на цените.

Во Македонија роаминг цените остануваат високи, и покрај обидите на властите и желбите на граѓаните да бидат намалени, или барем сведени на европското ниво.

Целта на Европската Комисија е целосно да ги „елиминира“ роаминг цените во следниве години, и да го ослободи отворениот пазар од дополнителни трошоци во надеж дека бизнисите и корисниците ќе соработуваат повеќе. Европската Унија пати од проблемот што поврзува околу 28 пазари секој со свој различен јазик и различни правила, па ограничувањата не се добредојдени бидејќи во дигиталната ера, каде интернет на мобилен станува неопходен, се заостанува со ИТ развојот зад САД и азиските земји. Според Комисијата, иако има напредок во трговијата, сепак роаминг цените „го кочат развивањето на новиот сектор“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top