Mакедонска софтверска компанија бара 100 девелопери

во Интервјуа, ИТ.МК

Македонската компанија Abix има амбициозен план да ангажира уште 100 девелопери. Тројца веќе се додадени на постоечкиот тимот кој брои дваесетина македонски професионалци, најголем дел од нив лоцирани во седиштето во Скопје. „Потфатот“, како што го нарекува основачот на Abix, Боро Андоновски, ќе се претвори во предизвик да се менаџира огромниот тим, но пред тоа, ќе треба првин да се најдат тие стотина талентирани и искусни програмери.

„Всушност, во целиот процес на вработување на 100-те девелопери во Abix, најголемиот предизвик ќе биде токму пронаоѓањето на вистинските луѓе за работата. Бројот на пријавени сигурен сум дека нема да биде проблем, интересот дефинитивно постои. На наше задоволство, за 2 часа од објавата на огласот на социјалните медиуми ние веќе добивме повеќе од 20 CV-јa“, вели г. Андоновски.

Основана во 2009-та година, Abix е софтверска компанија која развива од мобилни и веб апликации до бизнис решенија. Компанијата веќе има 50-тина клиенти од разни земји, и куп сопствени продукти од кои може да се издвои Spartan, самостоен SoC Linux систем за мониторинг и детекција на проблеми во тешко достапни места како водоводи, одводи и сл; или Horeko, кој е back-end систем за менаџирање на кујна во угостителската и медицинската индустрија. Сепак, вели г. Андоновски, тој и тимот составен од македонски програмери се најгорди на Promotion In Motion системот за промоција кој им ја донесе наградата за Mobile Excellence на MASIT ICT Awards 2014.

„Abix континуирано расте веќе скоро 5 години. Тој раст, покрај бројот на девелопери, вклучува раст на севкупниот know-how на компанијата и на бројот, големината и сериозноста на клиентите. Токму таа промена кај клиентелата и нивните проекти повлекува потреба за многу повеќе девелопери“.

Но, иако програмер денес е популарна професија – дел поради побарувачката и поради парите, најдобрите заработуваат најмногу – сепак без врска дали се дваесетина или стотина девелопери, тие ќе мора да бидат на ниво на задачата. Тоа не важи само за амбициозните Abix, туку и за сите македонски софтверски компании кои се тркаат меѓусебе да ги ангажираат (и задржат) најдобрите таленти.

„Малку е тешко, па дури и нефер, да се генерализира. Како и секаде и во секоја струка, постојат професионалци кои што можат да се носат со било кој предизвик со кој што ќе се соочат. Македонските девелопери не се исклучок. Она што е специфично е дека во последно време оваа струка доби многу популарност и се соочуваме со огромен наплив на нови, помалку или повеќе искусни, девелопери кои што не секогаш се на нивото на задачата“, вели г. Андоновски.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Aleksandar
Aleksandar
7 years ago

Ubavo e sto sakate da vrabotite, no dali ste korektni kako rabotodavec? Tuzbite kon Vasata kompanijaod strana na nekolku developeri se dokaz plus za Vasata neserioznost.