Athelas е апликација која може да ги „предвиди“ болестите

Athelas е апликација која името го доби од чудотворната билка од универзумот на Господарот на прстените. Станува збор за медицинска апликација која овозможува анализа на крвта со помош на паметен телефон и леќа која се додава на телефонот. Athelas е креирана на хакатлонот одржан на Y Combinator хакатонот.

Апликацијата може да детектира маларија, хронични заболувања, најразлични паразити во крвта или рак за неколку секунди сo помош на „predictive cell counting“. Најголемиот дел од анализата не ја прави телефонот, туку фотографијата која е направена со помош на преку леќата додаток, се испраќа на анализа до серверите на апликацијата, а потоа резултатите се враќаат назад.

Иако резултатите не се веродостојни како оние кои се добиваат во целосно опремена лабораторија, апликацијата ќе биде незаменлива во руралните области од каде е тешко да се однесат граѓаните за медицински преглед. Ова не е првпат да се користи камерата на телефонот во медицински цели. Камерата на iPhone веќе се користи за откривање на цревни паразити на локации кој што се оддалечени од урбаните центри и немаат пристап до здравствените организации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments