Новиот Nexus 7 ќе се појави до крајот на јули

Следната генерација на таблет компјутерот Nexus 7 ќе се појави до крајот на месецот, велат извори на Focus Taiwan. Оваа вест доаѓа заедно со спецификациите и слики, споделени на Google+, од разговорот со вработен во ASUS.

Новиот Nexus според најавата доаѓа со 7-инчен LED дисплеј со резолуција 1980х1200, Qualcomm Snapdragon 600 процесор, 2 GB RAM и 32 GB простор. Според сликите се гледа дека Nexus 7 ќе биде првиот уред со Android 4.3.

Доколку се точни спецификaциите, тие ќе ги потврдат претходните шпекулации дека Tegra 3 на Nvidia ќе биде заменета со Snapdragon. Опциите за конекција со Nexus 7 се Wi-Fi 802.11a/b/g/n, Bluetooth 4.0, NFC и LTE. Покрај ова, таблет компјутерот ќе доаѓа со 5 и 1,2 мегапикселни камери, како и батерија од 4000 мAh.

Цената на таблетот останува непозната, а шпекулациите се движат од 149 долари – цена што подразбира и повлекување на првата генерација на уредите, или цена од 199 долари, а сегашните уреди ќе останат 149 долари. Според DigiTimes пак, Google нема да намера да им конкурира на најевтините таблети и 16 GB верзија на новиот уред ќе ја продава за 229 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments