Mozilla ги објави првите Firefox OS паметни телефони

Првиот телефон кој работи на оперативниот систем од Mozilla, Firefox OS веќе е во продажба. Оперативниот систем кој беше во фокусот на овогодинешниот Mobile World Congress, веќе работи на телефоните на ZTE и Alcatel, кои се достапни преку Telefonica и Deutsche Telekom.

Според најавата на Twitter профилот на Telefonica од пред неколку денови, ZTE Open веќе е во продажба во Шпанија по цена од 69 евра. Што се однесува до понудата на другите пазари, тоа треба да го објават секој од партнерите за Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги и Црна Гора и Србија.

ZTE Open има 3,5 инчен екран и работи на 1GHz Snapdragon процесор, 256 MB RAM, 3,2 мегапикселна камера, Bluetooth, A-GPS и Wi-Fi. Додека, моделот на Alcatel би имал слични спецификации, со разлика во тоа што би работел на Qualcomm процесор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk