Сопствениците на Commodore 64, Spectrum ZX и Atari се сеќаваат на времето кога видеоигрите и програмите се менуваа и користеа од касети. Благодарение на Sony, времето на магнетните ленти можеби повторно доаѓа. Sony објави дека развиле нова технологија која овозможува на лентите да се складираат 185 терабајти. Новата технологија овозможува пертходните 29,5 GB на квадратен инч да бидат заменети со 148 GB на квадратен инч. За споредба 185 TB кој можат да се зачуваат на една магнетна лента се еквивалент на 3,700 dual-layer Blu-ray дискови со капацитет од 50 GB, куп кој доколку го наредите еден врз друг ќе биде висок 4.4 метри, пишува Extremetech. Магнетните ленти се користат во дел од компаниите за архивирање бидејќи се поевтини, поекономични во однос на електричната енергија но и подоверливи од хард-дисковите.
Лентата која ја изработи Sony е изработена со помош на таложење на магнетни кристали со бомбардирање со јони на Аргон врз филмскиот супстрат. Во вака креираната магнетна лента магнетните честички се со просечна дебелина од 7,7 нанометри што овозможува поголема густина и на податоците.
Повеќе информации за новата магнетна лента од Sony, компанијата ќе објави на Интернационалната конференција за магнетика која од 4-8 мај се одржува во Дрезден.








Drugar, Amiga nikogas ne koristela KASETI kako medium.
Во право со Игор Atari требаше да биде тоа. Благодарам на исправката, поздрав