Google објави мапа „Government Rеquest” со податоци за колку и кои влади ширум светот најмногу побарале да се цензурира и тргне некоја веб содржина од нивните сервиси.
„Целта на овој сервис на Google e да покаже транспарентност со надеж да се намали цензурирањето.“ вели Дејвид Друмонд на блогот на Google.
Но… изјавата на Google се однесува на земјите кои претерано цензурираат или имаат намера да цензурираат, пример од европските земји најмногу барања за цензура испратил Британија со над 3.500 илјади барање за откривање на податоци. Во светот, според барањата, Бразил е цар на цензурата пред се бидејќи друштвената мрежа на Google е најпопуларна таму…Потоа следи САД, Индија…
Но кога се работи за Македонија тогаш контекстот на овој сервис споредено со другите е комплетно различен. Имено, скоро сите барања за тргање на содржина доаѓаат од Дирекцијата за заштита на податоци која реагирала по барање на граѓаните.
„Реагираме како официјален орган по барање на граѓаните. Најголем проблем е тргањето приватни информации од пребарувачот како слики во недоличен контекст, телефонски броеви, адреси… како и YouTube видеа со неовластени фотографии.“ вели Елена Стојановска од ДЗЛП.
Но… надлежноста на ДЗЛП застанува кај личните податоци. За YouTube видеата со криминална содржина, од Google бараат официјален владин орган, односно тоа оди во надлежност на Одделот за компјутерски криминал на МВР.
Од МВР пак велат дека треба да поднесеме пријава. Првин прашав дали имало тргнато YouTube видео, потоа дали МВР знае за тие видеа, се обидов да ги објаснам видеата, но едноставно ме препраќаа кај ДЗСП или ми велеа да поднесам пријава.
За воља на вистината Google вели статистиката на Government Request не е целосна, без детали е и за тие земји со мал број барање не е целосна. Но… фактот останува – Македонија е рајот на слободниот говор! Можеме да повикуваме на убиства и насилство без никаков проблем. Радикалната YouTube дискусијата меѓу македонците, албанците, грците, бугарите, србите… е конструктивна, нели?
Цензурата е лоша, mkey! Но… дали тие видеа треба да бидат оставени? Дали треба да има барем малку цензура?
Не мора да се побара кој ги закачува тие видеа. Но може да се интервенира да се отстранат… секако, доколку ви е гајле за добри соседски и етнички односи, како и за дигитална револуција и развој на „земјата на информатичари“.








