Македонецот Вања Јосифовски ќе го предводи Kumo, AI стартап кој доби 18,5 милиони долари

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Вања Јосифовски речиси без сомневање е една од најинтересните ИТ личности кои излегле од Македонија и се дел од светскиот ИТ сектор. Во минатото Вања беше дел од раководствата и техничките тимови во некои од најголемите светски ИТ компании како IBM, Yahoo, Google, Pinterest и Airbnb. Човекот, покрај фасцинантно резиме исполнето со едни од најодговорните позиции во индустријата, дополнително има и куп патенти поврзани со неговото име и тоа на теми поврзани со семантички веб, вештачка интелигенција, пребарување, дата и маркап на технички термини. Ако ја реализираме идејата на IT.mk да направиме нова секција “IT.mk Hall of Fame“, без размислување Вања Јосифовски би бил еден од првите кој треба да го претставиме.

Кариерата на Вања пред петнаесетина години го постави како главен истражувач на интернет компанија Yahoo!, во време кога интернет пребарувачот беше прилично доминантен играч во ИТ секторот, а пред оваа позиција тој беше дел од тимот кој го создаде Garlic Research Framework-от во IBM-овите DB2 датабазни системи. Вања многу години живее и работи во Калифорнија, a до неодамна беше и технички директор на глобално познатиот маркетплејс за рентање на недвижнини и туризам Airbnb, откако на таа позиција дојде по поминати 4 години во Pinterest – каде што има одредени заслуги во полето на визуелно пребарување, приказ на дата во фидови и функционирањето на рекламите. Имајте го ова на ум кога следниот пат при пребарување на идеи за ентериер, модни додатоци, DYI планови и слични хобиа ќе се чудите како Pinterest толку добро функционира.

Позицијата во Airbnb Вања ја напушта во март, 2022 а само неколку недели подоцна го претстави својот нов предизвик – Kumo.ai. Јосифовски и неговите соработници (тимот зад овој стартап е фасцинантен) оваа недела го претставија стартапот кој има за цел да ја направи вештачка интелигенција подостапна.

Покрај Вања, ко-основачи на стартапот се Хема Рагаван (инженеринг директор на LinkedIn) и Јуре Лесковец (професор на Универзитетот Стенфорд). Стартапот развива софтвер базиран на PyG библиотеката. Очекувањата се дека главни корисници на сервисот ќе бидат аналитичари на податоци и научници за податоци. Сепак и покрај ова, во Kumo сметаат дека софтверот треба да го разберат и корисници кои немаат технички познавања. Ваквиот пристап треба да помогне за надминување на недостатокот од научници за податоци на пазарот.

Дел од All-star тимот на Kumo.ai

$18.5 милиони долари инвестиција за SaaS платформа која ќе го направи AI-то подостапно

Kumo оваа недела излезе од т.н. „stealth mode“ и ја објави првата инвестиција во Серија А во вредност од 18.5 милиони USD долари. Инвеститори во новата компанија која е проценета на над 100 милиони долари се никој друг туку едни од најреномираните инвеститори во Силициумската долина Sequoia Capital, како и ангел инвеститори Рон и Рони Конвеј.

Kumo ќе работи на технологија и услуги кои со помош на вештачка интелигенција ќе им овозможи на корисниците подобро да ги разберат сите поврзувања на податоци кои ги имаат. Ова треба да биде овозможено од „графичките невронски мрежи“ (graph neural networks), кои ги разгледуваат податоците како комплексни граф мрежи. Ваквото разгледување на податоците помага со сетови на податоци кои немаат уредно поврзување.

Конечната верзија на софтверот ќе треба да може да предвиди врз основа на сетови на податоци како ќе изгледа иднината. Ако актуелните алатки му овозможуваат на клиентот да види колку нови корисници добил во последните 30 дена, технологија која ја развива Kumo, треба да овозможи истиот податок да се предвиди за следните 30 дена.

Стартапот е основан пред четири месеци и има дваесетина вработени, но и неколку клиенти кои се претплатени на софтверот уште во бета фаза. Засега овие клиенти не се јавно објавени, но секако постои интерес.

„Се обидуваме да го направиме машинското учење неколку пати поедноставно. Во основа се обидуваме да исчекориме од моменталната состојба на вештачката интелигенција и да ги направиме методите кои сега се користат застарени“, вели Јосифовски во интервју за Forbes.

Првата инвестиција ќе биде наменета за скалирање на функционалностите на сервисот, но и за континуиран фокус на истражување и развој. Токму во периодот кога беше дел од Yahoo! ИТ.МК направи интервју во кое зборувавме за неговиот ангажман во компанијата и претходно во IBM. Можеби поинтересно, уште тогаш, во 2008 година, потенцијалот на интернет и неговото искористување за подобро рекламирање беа во фокусот на Јосифовски.

Денеска успеваме да искористиме само мал дел од потенцијалот на вебот како канал за рекламирање. Во 2007 во Америка се потрошени 27 милијарди долари за рекламирање на интернет – повеќе од кабелска телевизија и радио. Оваа цифра е предвидена да порасне до околу 50 милијарди во следните неколку години. Има огромен потенцијал за подобрување на постоечките технологии.

Во 2015 стана дел од тимот на Pinterest и на друштвената мрежа работеше на проекти кои на платформата го креираа пребарувањето, „Lens“, и „Related Pins“. Неколку години подоцна, во 2017 стана и технички директор на компанијата. Истовремено тој е и прв технички директор на Pinterest кои претходно ја немаа оваа позиција во компанијата.

По Pinterest следеше работата во Airbnb и негово ангажирање на најпрестижниот оддел – Airbnb Homes. Работеше на технологија која требаше да спои неколку сегменти: инженеринг на домот, вештачка интелигенција, машинско учење и „data science“. 

Почетоците на Вања се во Скопје. Средното училиште еден дел го заврши во Скопје, во гимназијата Р. Ј. Корчагин, и дел во Шелби, Северна Каролина. Со високо образование се здобил на Институтот Јозеф Стефан во Љубљана, Словенија, магистрира на Флорида Универзитетот, а докторирал на Линкопинг универзитетот во Шведска.

На прашањето како успеал од Македонија да стане дел од најголемите компании во ИТ секторот речиси секогаш се потсетува на средношколските денови и интересот за софтвер и математика кој го развил уште тогаш.

Иако Македонија беше (а веројатно и сè уште е) поназад во индустриски капацитети во полето на информатиката, сепак, има една група на луѓе на факултетите што ги прати случувањата со науката. За мене беше важно што неколку млади и мотивирани професори во средното училиште Корчагин ме заинтригираа да развијам софтвер и да се потрудам да ги разберам разните математики. Мислам дека тогашната програма во математичко-информатичките гимназии беше многу добра основа за ИТ студии. Се надевам дека средното образование денеска им го нуди истото на денешните средношколци. Секогаш имало и ќе има проблеми, но и ентузијасти што инспирираат.


Неодамна како дел од Fireside Chat Series во организација на Adeva го сподели своето искуство за работа со првокласни инженерски тимови. Интервјуто е достапно на YouTube и ако сакате да дознаете повеќе за оваа тема секако прегледајте го.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

Браво за IT.mk редакцијата која дала 18,5 милиони долари на Вања Јосифовски, пред 22 минути.

одговори 4 лајкови

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments